Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија се извлекоа редните броеви на екипите што ќе се борат за титула и опстанок во Супер лигата.
Битката за опстанок во елитната конкуренција ќе биде тешка, скоро сите екипи ги засилија ростерите, па јавноста со право ќе очекува неизвесни и драматични натпревари.
Во првото коло што ќе се игра на 2 април, најголемиот фаворит за првото место, Пролет, ќе игра дома со Струга.
Засилениот Радовиш ќе му гостува на Куманово, додека Прилеп ќе ја пречека екипата на Борец ФЛ.
Супер лига, плеј-аут, редни броеви:
1.Прилеп
2.Пролет
3.Куманово
4.Радовиш
5.Струга
6.Борец ФЛ
1 коло, распоред:
Прилеп – Борец ФЛ
Пролет – Струга
Куманово – Радовиш