Бисинов ги освои бодовите на жешкиот терен во Гостивар

Ракометарите на Бисинов на жешкиот терен во Гостивар стигнаа до важна победа во прволигашкиот плеј-оф, откако во натпревар од 7. коло триумфираа со 26:23.

Бисинов останува со 100% учинок во борбата за елитата, сега има 24 бодови и се наоѓа на добар пат во следната сезона да биде дел од суперлигашката конкуренција.

Иако во првиот дел Јехона беше подобриот противник на теренот, на пауза замина со предност од 13:8, сепак избраниците на Никола Бисинов со одличната игра во вториот дел дојдоа до победа.

Велешани во вториот дел камбекот го најавија кога израмнија на 14:14 во 35 минута и од тој момент се започна од нула. Тимот на Јехона не се предаваше, до 55 минута беше во игра, но велешани беа повеќе пофокусирани во клучните моменти.

Најефикасни во победничката екипа со по седум погодоци беа Илија Табаков и Мартин Иванов. Во поразениот табор се истакна Адис Салиу со пет реализации, по четири погодоци постигнаа Мојсие Тасески и Јовица Костовски.