Билик: Не сакаме да бидеме тимот што ќе се „сопне“ во Битола

Ракометарите на Кил утре против Еурофарм Пелистер ќе го одиграат третиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите.

Германскиот тим во Битола доаѓа како голем фаворит, но поискусните играчи во тимот на Филип Јиха знаат дека нема да биде лесно да се игра пред битолската публика.

Левиот бек на Кил, Никола Билик, е претпазлив за дуелот со македонскиот шампион.

,,По двата порази, тимот на Еурофарм Пелистер ќе биде уште поопасен. Тие ќе се обидат со сите сили да не совладаат. Еурофарм Пелистер е камен на сопнување за секоја екипа на домашен терен. Ние не сакаме да бидеме тимот кој ќе направи кикс во Битола”, изјави Билк.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Кил ќе се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток од 18:45 часот.