Легендарната романска ракометарка Кармен Амариеи, е промовирана за нов тренер на екипата на Клуж. Некогашниот лев бек стана првата жена-тренер на машка екипа во елитната конкуренција во Романија.
Таа веќе дебитираше на клупата на Клуж со пораз од ЧСМ Букурешт, а ќе се обиде до крајот на сезоната да му донесе опстанок.
45-годишната Амариеи потекнува токму од Клуж, во Романија играше за Валчеа, Брашов, Јаши и Крајова, каде што ја заврши играчката кариера, а беше дел и од француските Безансон, како и данските тимови Копенхаген, Рандерс, Виборг и Шлагесе.
Македонската јавност ја памети Амариеи од нејзините настапи во данскиот дрим-тим Шлагелсе кој беше предводен од Ања Арденсен.
Амариеи беше најдобар стрелец со 16 погодоци, по осум на двете финални средби од сезоната 2004/05 во Лигата на шампионите. Исто како и на првиот меч во Данска, така и во реваншот во Македонија, Шлагелсе славеше против Кометал Ѓорче Петров.