Екипата на Бенфика, во која настапува репрезентативецот на Македонија, Филип Талески, полека се ослободува од скапоплатените ѕвезди.
По Јуав Ламбросо и Петар Ѓорѓиќ, кој се пресели во Војводина, португалскиот клуб спогодбено го раскина договорот и со голманот од Данска, Мике Јенсен.
Данецот не чекаше многу време за нов клуб, за неговите услуги веднаш се заинтересира Веспрем и успеа да го донесе во своите редови.
Унгарскиот гигант и 27-годишниот голман се договорија на соработка со важност од две сезони.
Јенсен во вториот дел од сезоната минутажата во Веспрем ќе ја дели со Родриго Коралес и Игнасио Биоска.