Каталонскиот гигант Барселона продолжува да ги обновува договорите со дел од ракометарите од актуелниот ростер.
На ред дојде и левиот бек Јонатан Карлсбогард, а раководоството на Барса ја продолжи соработката со него до 2028 година.
Актуелниот договор на шведскиот репрезентативец истекуваше во 2025 година, но сега е продолжен за уште три сезони.
Тој дојде во „Блауграна“ во 2022 година од бундеслигашот Лемго и остави одличен впечаток со своите игри.
Претходно договорите ги продолжија тренерот Ортега до 2026, исто како и Луис Фраде, додека Тимоти Н’гесан и браќата Ѓорѓе и Петар Цикус продолжија до 2027 година.