Каталонскиот гигант Барселона е во потрага по замена за Гонзало Перез Де Варгас, кој ќе паузира до крајот на сезоната.
Иако беше најавено дека младиот Филип Шариќ, ќе му биде партнер на Емил Нилсен, очигледно дека од „Блауграна“ бараат нов чувар на мрежата.
Меѓу потенцијалните кандидати за замена на Де Варгас е голманот на Загреб, Анте Грбавац, кој доколку се пресели во Барса би направил камбек во Асобал лигата.
Тој е во сенка на Матеј Мандиќ во Загреб, па сигурно не би имал ништо против да се врати во Шпанија.
Грбавац долго време го бранеше голот на Извиѓач Љубушки, пред во 2021 година да се пресели во Куенка, каде настапуваше две сезони, а оттаму дојде во Загреб.