Балсам: Знаеме како треба против Македонија

Бараж двомечот меѓу Полска и Македонија ќе биде решен вечерва во полната сала „Боро Чурлевски“.

Една од најдобрите во полската репрезентација на првиот меч во Кошалин, кој го добија домаќинките со 22-18, десното крило Магда Балсам, смета дека треба да се фокусираат само нивната игра.

„Незадоволни сме по мечот во Кошалин, бидејќи знаеме дека можевме да имаме поголема предност пред реваншот во Битола. Сепак, крајот на натпреварот ја расипа сликата на натпреварот, бидејќи 45 минути игравме многу добар ракомет. Знаеме како против Македонија, но знаеме дека повторно треба да се фокусираме на себе и на нашата игра, да играме цврсто во одбраната и паметно во нападот“, изјави Балсам.

Натпреварот меѓу Македонија и Полска ќе се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 19:00 часот.