Бахреин без интернационалци – Кристјансон го одреди мундијалскиот состав

Селекторот на машката репрезентација на Бахреин, Исланѓанецот Арон Кристјансон, објави скратен список од 25 ракометари пред настапот на СП 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка.

Во составот на Бахреин нема натурализирани ракометари, како кај Катарците и нема ниту еден интернационалец – сите играат во домашното првенство.

Кристјансон смета на лидерот Хусеин Ал Сајад, кој има повеќе од 400 настапи и повеќе од 1.000 погодоци во дресот со националниот грб.

Тука се одличниот голман Абдулхусаин, десниот бек Али Мерза, пивотот Еид, крилата Ал Самаихли и Џелал, а станува збор за искусни ракометари кои можат да направат проблеми на сите селекции.

Бахреин ќе биде дел од групата со Хрватска, Египет и Аргентина.