Bо Косово ќе се игра ракомет од 13 јуни, Босанците прогласија шампион!

Управниот Одбор на Ракометната федерација на Босна и Херцеговина, имаше неколку неуспешни обиди да одржи седница и да донесе одлука за продолжението на сезоната. Поради тоа, комесарот за натпревари, Срѓан Јокиќ, реши сам да ја донесе таа одлука и го прогласи тимот на Борац Бања Лука за шампион.

Борац по 18 одиграни кола имаше четири бода повеќе од второпласираната Грачаница, а 13 повеќе од третата Босна Високо. Овие три клуба ќе бидат дел од ЕХФ Купот во новата сезона. Кај дамите лидерот на табелата Груде по 13 одиграни меча, ќе биде прогласен за шампион.

Во Косово веројатно ќе се доигра сезоната. Федерацијата го закажа продолжението на првенствата на 13 јуни. Наместо плеј-оф со најдобрите шест, ќе играат најдобрите четири во елиминациски дуели. Беса Фамгас и Кастриоти предводен од Касим Каменица се најголемите фаворити.

Ќе се игра без публика, со ТВ преноси. Екипите од денеска се во тренажен процес, но не е јасно дали десетина дена ќе бидат доволни за подготовка.