Ракометарките на Атлетик ја продолжија победничката серија во прволигашката конкуренција откако славеа против Овче Поле СУ со 42-24, откако и на полувремето водеа со 19-13.
Во натпреварот од 21 коло, избраничките на Татјана Хмирова прославија 17 триумф и сега имаат максимални 34 бодови.
Овој дуел беше како многуте на Атлетик оваа сезона кога идниот член на суперлигашкото друштво уште по првиот дел ја обезбедува победата, а вториот е само формалност и одработување на задачата.
Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Анастасија Величковска со осум и Сара Богојеска со седум гола, додека кај Овче Поле СУ се истакнаа Елена Вучевска со осум и Анастасија Сентовска со пет погодоци.
Во следното коло Атлетик е слободен, додека тимот од Свети Николе ќе гостува кај Ѓорче Петров 2.


























