Ракометарите на Младост на гостувањето во Велес кај Борец очекувано ги освоија планираните три бода, триумфираа со 47:27 во заостанатиот натпревар од 10. коло во Првата лига.
Гостите од Богданци работата си ја завршија во првиот дел, во кој постигнаа дури 29 погодоци, а примија само девет.
Вториот дел беше повеќе формалност и шанса за останатите ракометари од гостинскиот табор да ги покажат своите квалитети.
Победничката екипа беше предводена од Ѓорѓе Атанасов со 14 и Стамен Гогов со 10 погодоци.
Во домашниот тим се истакна Леон Ристов со седум погодоци, еден помалку запишаа Стефан Богдановски и Јован Тикваров.