Астраион и Кичево постигнаа 72 гола

Тимот на Астраион славеше против Кичево со 40-32 во натпревар од 13 рунда на прволигашкиот плеј-аут.

Гостинскиот тим кој имаше само десет ракометари во ростерот успеваше да парираа во поголем дел од првото полувреме, но попушти пред паузата и струмичани се одлепија на плус седум, 21-14.

Во вториот дел немаше никакви возбудувања, се играше без одбрана на двете страни, a Kичево остана без еден од најдобрите Стефаноски, кој доби црвен картон поради приговор.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Наков со девет гола, а по шест реализации имаа Ѓорѓиев и Рингов.

Во составот на Кичево, по десет пати погодија Стрезоски и Стефаноски.