Екипата на Алборг во вториот обид повторно не успеа да дојде до титула во најквалитетното европско натпреварување.
Данскиот шампион во финалето на Ф4 турнирот во Келн загуби од Барселона со 31:30 (15:15) и од германскиот град си замина со среброто.
Големата надеж на Данска, Томас Арнолдсен, солидно се претстави на својот прв Ф4 и во финалето зад своето име запиша шест реализации.
Средниот бек се надева дека еден ден заедно со својот тим ќе се искачат на европскиот трон.
,,Ќе се вратиме во Келн и ќе освоиме злато. Видовме колку сме добри, со многу млади играчи, а тоа ни дава уште поголема надеж за во иднина. Беше неверојатен натпревар, помеѓу две одлични екипи, лошо е само тоа што сме на погрешната страна на подиумот”, изјави Арнолдсен.
Алборг и во сезона 2020/21 загуби од каталонскиот гигант, но тогаш поразот беше со 13 гола разлика, 36:23.
Трилер меч во Келн: Барса ја доби драмата против Алборг за 12. титула во елитата