Апелацискиот суд на ЕХФ ја потврди одлуката на Ракометниот Суд за суспензијата на македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Николов и Начевски ќе останат суспендирани две години, до крајот на 2027 година, а ќе ја платат и паричната казна од 5.000 евра.
Тие беа овбинети поради сомнежи за манипулација со видео снимки од т.н. „Multistage Fitness Test“.
ЕХФ објави дека македонските арбитри може да поднесат жалба во рок од 21 ден до Арбитражниот суд.
























