Амбициозниот тим на Куманово продолжува да се засилува пред стартот на вториот дел од сезоната, односно битките за опстанок во суперлигашката конкуренција.
Нов ракометар во редовите на Куманово е довчерашниот член на Вардар, Стефан Атанасовски, кој настапува на позицијата кружен напаѓач, дознава 24Ракомет.
24-годишниот ракометар ќе засили конкуренцијата на пикерската позиција во тимот на Љубиша Димковски, каде веќе се Дарио Симоноски и Зоран Ѓурковиќ. Двете страни се договорија на соработка до крајот на следната сезона.
Куманово претходно се засили со поранешниот кадетски репрезентативец на Македонија, Наум Костов, како и со тројцата интернационалци – Михајло Стевовиќ, Милош Благојевиќ и Алекса Радичевиќ.
Тимот на Димковски ќе игра во плеј-аут фазата и ќе се бори да го задржи суперлигашкиот статус за следната сезона.
Прв ривал на Куманово бо борбата за опстанок е Вардар Неготино, потоа следуват дуелите со Еурофарм Пелистер 2, Скопје, Голден Арт…