Охрид по подoлг период повторно избори пласман во европските купови, и теретски најмалку ќе биде четвртопласиран на крај од сезоната. По триумфот над Пролет од 29-22, сега „гладијаторите“ имаат седум бода предност во однос на Тиквеш, на две кола до крај на сезоната.
Имаа шанса охриѓани да бидат во игра дури и за титулата, ама со двата порази по ред, од Еурофарм Пелистер и Алкалоид, им остана само да бидат во Топ-4, и да играат во Европскиот Куп. Тоа за Охрид е голем успех. Сега потврдија дека местото им е во самиот врв на македонскиот ракомет.
„Она што го зацртавме и го остваривме. Останува уште еден месец, и два меча, и ќе се обидеме тоа што го градевме сезонава, да го надградиме и да одиграме на двата меча на кои секкао одиме да победиме. Ќе биде тешко со Вардар, кој се бори за титула, но играме дома со Тиквеш, и ќе биде сериозно до крај на првенството. Имаме сега три недели пауза. Ќе искористиме да се освежиме и да се вратиме психички, и да го покажеме она што сезонава многупати го покажаваме. Им честитам на играчите. Ова е нивен успех, на градот, на градоначалникот, на навивачите, вели Стефче Алушовски, тренерот на Охрид.
В година тимот на Охрид ќе биде уште посилен, и со амбиции да биде и повисоко на табелата. Веќе се потпишани повеќе нови играчи, а голем дел од сегашниот тим останува во Охрид.,
„Се надевам клубот ќе расте и ќе бидеме поквалитени. Знаевме дека сме поквалитетни, но тоа треба да се покаже тоа и на терен. На претходниот дуел со Пролет победивме во последните минути. Тука знаевме како и што. Но, по оние два порази малку паднавме психолошки. Сега се вративме, игравме добро квалитетно последните 12 минути и тоа беше клучно, вели Алушовски.