Репрезентативецот на Србија, Владимир Цупара, заработи повреда на натпреварот против Еурофарм Пелистер во рамки од 3. коло од Лигата на шампионите.
Цупара по сударот со Усама Хосни мораше да го напушти теренот, а повредата на коленото најверојатно е сериозна.
Според пишувањата на романските медиуми, кои навестуваат крај на сезоната за Цупара, искусниот голман би испратен на прегледи во Шпанија, поточно во Барселона.
Динамо Букурешт моментално има максимален ефект во Лигата на шампионите, на три натпревари забележа три победи.
Романскиот шампион во следното, 4 коло од најквалитетното европско натпреварување ќе му гостува на Веспрем.