Адаптиран календарот во Првата лига – еве кога почнува борбата за елитата

Плеј-офот за пласман во Супер лигата требаше да започне викендов, но поради големата трагедија што ја потресе Македонија и седумдневната жалост, календарот во прволигашката конкуренција претрпе измени.

Според новиот адаптиран календар во Првата лига, во плеј-офот ќе има три вонредни кола среде недела, додека планот е последното коло да се одигра на 31 мај.

Најпрво ќе се одиграат елиминациските натпревари од Купот на Македонија, додека првото коло од плеј-офот и плеј-аутот ќе се игра на 5/6 април.

Бараж средбата меѓу второпласираната екипа од прволигашкиот плеј-оф и претпоследната екипа од суперлигашкиот плеј-аут ќе се одигра на 7 јуни.

Прва лига, плеј-оф, распоред:

29/30.03.2025 – КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЕЛИМИНАЦИИ
КОЛО 1 – 05/06.04.2025
КОЛО 2 – 12/13.04.2025
КОЛО 3 – 16/17.04.2025 (среда-четврток)
26/27.04.2025 – КУП НА МАКЕДОНИЈА – ГРУПНА ФАЗА
КОЛО 4 – 03/04.05.2025
КОЛО 5 – 07/08.05.2025 (среда-четврток)
КОЛО 6 – 10/11.05.2025
КОЛО 7 – 14/15.05.2025 (среда-четврток)
КОЛО 8 – 17/18.05.2025
КОЛО 9 – 24/25.05.2025
КОЛО 10 – 31.05/01.06.2025

Прва лига, плеј-аут, распоред:

29/30.03.2025 – КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЕЛИМИНАЦИИ
КОЛО 1 – 05/06.04.2025
КОЛО 2 – 12/13.04.2025
КОЛО 3 – 16/17.04.2025 (среда-четврток)
26/27.04.2025 – КУП НА МАКЕДОНИЈА – ГРУПНА ФАЗА
КОЛО 4 – 03/04.05.2025
КОЛО 5 – 10/11.05.2025
КОЛО 6 – 17/18.05.2025
КОЛО 7 – 24/25.05.2025
КОЛО 8 – 31.05/01.06.2025