Aрпад Штербик веќе нема да игра, но доби нова функција во Веспрем

Поранешниот голман на Вардар и играч кој ја заврши својата кариера во редовите на Веспрем, Арпад Штербик и во следната сезона ќе биде дел од клубот, но доби сосема поинаква функција.

Штербик ќе остане дел од екипата, но ќе има сериозна улога бидејќи во иднина ќе се грижи за формата на голманите. Арпад Штербик е новиот тренер на голмани во Веспрем и наследник на Харис Поробиќ, кој досега ги тренираше голманите во шампионот на Унгарија.

Со ова неверојатниот голман продолжува со својата кариера во ракометот и несомнено е дека ќе биде успешен и со нова улога бидејќи се работи за голман кој собра огромно искуство со текот на годините.

Секако доколку биде потребно веројатно ќе може и повторно меѓу стативите иако Веспрем има одличен тандем голмани за новата сезона во Коралес и Цупара, а тука е и Унгарецот Мартон Шекели.