Дувњак: Ако играв фудбал – ќе бев голман

Еден од најдобрите ракометари на Хрватска и нејзин капитен, Домагој Дувњак во разговор за сајтот 24sata.hr одговараше на прашања поврзани за фудбалот.

Дувњак најдобра комуникација има со Марио Манџукиќ, но и со останатите фудбалери има коректен однос. Сите сме си голема поддршка едни на други, вели Дувњак. Покрај тоа тој додаде кои се неговите омилени фудбалери и клуб.

„Најдраг фудбалер од младоста ми е вистинскиот Роналдо, додека од хрватските не би издвоил никого, иако редовно ги гледам натпреварите. Омилен клуб ми е Ливерпул, јас доколку би играл фудбал на голманската позиција би бил најкорисен. Во Кил често играме фудбал на тренинзите и некгаш навистина добро ми оди. Најдобар фудбалер од хрватските репрезентативци во ракомет е Лука Циндриќ кој има и тренирано фудбал“, рече Дувњак.

Дувњак ја продолжува својата успешна кариера во Кил, после долг период поминат во Бундеслигата, Хрватот не планира нови промени во својата кариера.