Јака Малус со репрезентативен повик за Словенија

Селекторот на машката репрезентација на Словенија, Урош Зорман, го објави списокот за првите две средби од квалификациите за ЕП 2028.

Зорман смета на 23 ракометари, меѓу кои е средниот бек на Вардар, Јака Малус, кој одново се најде на репрезентативниот список на Словенија.

Покрај него Зорман смета на уште двајца ракометари од македонското првенство – десниот бек Нејц Цехте и пивотот Матиц Сухолежник.

Меѓу повиканите се стандардните Мачковшек, Кодрин, Хоржен, браќата Јанц, Новак, браќата Макуц, а ги нема Блаж Благотиншек, Клемен Ферлин, Урбан Лесјак, Ник Хенигман…

Словенија во ЕХФ неделата во ноември ќе одигра два меча – против Босна и Херцеговина на 4 ноември во Копер, а на 8 ноември против Израел во Целје.