Ракометарите на Бутел Скопје ги очекува голем предизвик во ЕХФ Европскиот Куп во претстојните два викенди.
Во рамките на второто коло од ова европско натпреварување, момците на Стојанче Стоилов ќе се сретнат со хрватската Горица, а натпреварите ги добија своите термини.
Првиот меч е на програмата на 17 октомври од 18:00 часот во Горица, додека реваншот ќе се одигра на 24 октомври од 17:00 часот во Скопје.
За Бутел Скопје ова е петти настап во Европа, а трет во ЕХФ Европскиот Куп во кој ќе се обиде да помине едно коло.
























