Денеска во центарот на вниманието ќе биде натпреварот во „Швалбе Арена“ во Гумерсбах, каде ќе гостува македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер.
Битолчани се во потрага по првата победа во Лигата на Европа, откако досега загубија дома од Ла Риоха и ремизираа на гости кај Вибжеже Гдањск.
Лино Червар направи една промена во ростерот во однос на претходниот меч. Ќе игра левиот бек Малик Татар, кој е на местото на Павле Атанасијевиќ, додека одново надвор од комбинација е Ник Хенигман, кој ја одлежува суспензијата по црвениот картон против Ла Риоха.
Натпреварот меѓу Гумерсбах и Еурофарм Пелистер се игра вечерва од 18:45 часот во „Швалбе Арена“.

























