ЕХФ објави нови ранг-листи: Македонија со напредок кај момците, пад кај девојките

Европската ракометна федерација ги објави најновите ранг-листите на младинските репрезентации, според кои ќе се одредуваат носителите во ждрепките за следните квалификации за ЕП.

Македонија бележи мал напредок во машка конкуренција, додека кај девојките има пад на ранг-листата.

Момците се искачија за едно место и сега се наоѓаат на 16. позиција. Овој напредок, сепак, не носи промени во статусот на македонските селекции пред следните квалификациски циклуси. Само најдобрите осум репрезентации на ранг-листата обезбедуваат директен пласман на ЕП за кадети, додека останатите ќе мора да го бараат своето место преку квалификациите.

Во женска конкуренција, Македонија назадуваше четири позиции. Од досегашното 19. место, во следниот циклус ќе се најде на 23. позиција. И покрај падот, ова не се очекува да донесе значајни промени во статусот на македонските младински селекции при одредувањето на носителите за квалификациските ждрепки.

На врвот на машката ранг-листа нема промени. Данска, Германија и Шпанија ги заземаат првите три места, додека кај девојките, Данска исто така е на врвот, пред Шпанија и Франција.

Четиригодишното рангирање се пресметува врз основа на резултатите во последните четири години, при што резултатите од 2023 и 2024 година се вреднуваат со 50%, а резултатите од 2025 и 2026 година со 100%. Вкупниот резултат се дели со 4 и така се добива коефициентот на сите репрезентации и ранг-листата.