Денеска на македонските терени ќе биде одигран еден натпревар од 5 коло во Супер женската лига, кое ќе се комплетира в среда со дуелот меѓу Ѓорче Петров и Вардар.
Екипата на Ѓорче Петров 2 ќе ја пречека Деспина во меч од 19:15 часот во салата „Христо Батанџиев“ и ќе биде фаворит за бодовите.
Младите „лавици“ досега запишаа една победа и едно реми, додека прилепчанки имаат само еден бод во ремито со Пелистер.
На европските терени, свој настап ќе има капитенката на Македонија, Сара Ристовска, која со нејзиниот Рапид Букурешт гостува кај Залау во романскиот шампионат.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
19:15 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2 – ДЕСПИНА (МАКЕДОНИЈА)
16:00 ЗАЛАУ – РАПИД БУКУРЕШТ (РОМАНИЈА)

























