Македонскиот првак Вардар го очекува најважниот натпревар во Лигата на шампионите – на гости во Скопје доаѓа Висла Плоцк.
Полскиот вицепрвак досега запиша драматичен пораз кај Нант, но и драматична победа над Мелсунген, а десниот бек Мелвин Ричардсон знае што го очекува него и соиграчите во СЦ „Јане Сандански“.
„Ова ќе биде многу тежок натпревар. Сите знаат дека е навистина тешко да се победи таму, особено поради неверојатната атмосфера. Во последните две години Вардар многу напредуваше. Ова ќе биде важен натпревар и за нив и за нас, особено кога станува збор за продолжението на ова натпреварување. Но, ние сме многу мотивирани да победиме. Сите сме здрави и подготвени, па верувам дека нè очекува одличен натпревар“, изјави Ричардсон.
Натпреварот меѓу Вардар и Висла Плоцк се игра в четврток од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.
























