Ракометарките на Вардар денеска ги очекува првиот натпревар од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп против италијанскиот Бриксен.
Предводничката на Вардар, Даниела Новеска, ги избра 16 ракометарки што ќе играат на оваа средба, а тоа е практично најсилниот состав на „црвено-црниот“ тим.
Тука се капитенот Леона Миленкоска, потоа голманката Вероника Ѓорѓиевска, сестрите Лашкоски, Мила Ристовска, Дона Тодоровска…
Во составот на италијанскиот тим Бриксен ќе бидат двете интернационалки – десните бекови Каролине Де Соуза од Бразил и Ника Матавж од Словенија.
Првиот меч против тимот на Бриксен се игра денеска од 19:00 часот, додека реваншот исто така ќе се игра на теренот на Бриксен в сабота од 18:00 часот.
























