Браќа близнаци за најважниот дуел на Вардар во Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 3 коло во Лигата на шампионите во машка конкуренција.

Ракометарите на Вардар го пречекуваат полскиот вицепрвак Висла Плоцк во најважниот натпревар, на кој само со победа ќе ги продолжат надежите за ТОП 12 во најелитното европско клупско натпреварување.

ЕХФ за овој меч ги делегираше браќата близнаци од Молдавија – Алексеј и Игор Ковалчук, додека делегат ќе биде Црногорецот Предраг Павичевиќ.

Натпреварот меѓу Вардар и Висла Плоцк се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 20:45 часот.