По стартниот триумф над Србија со 29-21, женската репрезентација на Македонија ја очекува втор, голем предизвик на „Трофеј Македонија“ во Охрид.
Стандардниот учесник на ЕП, СП и ОИ, Црна Гора, која стартуваше со реми со Хрватска во Охрид е вториот ривал на Македонија.
Селекторот Игор Марковиќ одлично ги познава црногорските ракометарки, па тоа може да биде плус во поглед на тактиката.
Македонските репрезентативки покажаа одлична игра, иако дополнително треба да се работи на одбраната, но се виде нова енергија и желба.
Мечот меѓу Македонија и Црна Гора стартува од 17:30 часот во СРЦ „Билјанини Извори“, а влезот е бесплатен.
Претходно од 15:30 часот ќе играат селекциите на Србија и Хрватска.

























