Падна договор – Охрид двапати дома против турскиот Спор Тото

Актуелниот бранител на трофејот во ЕХФ Европскиот Куп, екипата на Охрид, ќе има лесна задача за прогрес во третото коло.

Фаворитот во ова натпреварување, договори двата меча против турскиот Спор Тото да ги игра на домашен терен.

Турскиот тим ќе дојде на викенд покрај езерото и ќе ги одигра двата натпревари против „гладијаторите“.

Првиот меч е закажан за петок на 23 октомври од 18:30 часот, додека реваншот е во истото време следниот ден во СРЦ „Билјанини Извори“.