Стојаноски бранеше, Милошески и Гошевски погодуваа – Аполда стигна до нов триумф

Тимот на Аполда, каде што тренер е Игор Тоскоски, ја запиша третата победа во новата сезона во Регионалната лига на Германија.

По триумфот над БСВ Магдебург со 33-32 и Фрејберг, но и поразот кај Елбфлоренц, Аполда славеше на домашен терен против Ашерслебен со 35-27.

Во Аполда на Тоскоски играат голманот Александар Стојаноски, пивотот Пеце Ѓорѓиески, левиот бек Христијан Милошески и десниот бек Дејан Гошевски.

На средбата со Ашерслебен, Стојаноски имаше одлична партија на голот со 19 одбрани, а Милошески беше најдобар стрелец со девет гола, додека Гошевски додаде шест.

Во следното коло Аполда одново ќе игра на домашен терен со составот на Хале.