Слободен влез за „Трофеј Македонија“ – гледајте шест меча за три дена во Охрид

Од денеска до сабота, Охрид и СРЦ „Билјанини Извори“ ќе бидат центар на женскиот ракомет во регионот.

Македонија, Хрватска, Србија и Црна Гора ќе бидат дел од традиционалниот турнир „Трофеј Македонија“ и ќе одиграат по три меча – секој со секого.

Влезот за сите шест натпревари што ќе бидат одиграни покрај езерото ќе биде слободен, а љубителите на ракометот ќе имаат прилика да гледаат квалитетен ракомет.

Македонија има нов селектор, Игор Марковиќ, кој денеска ќе дебитира на клупата од 18:00 часот на меч со Србија, а два часа претходно ќе играат Хрватска и Црна Гора.

Преноси од „Трофеј Македонија“ ќе се емитуваат на Арена Спорт Македонија.

„Трофеј Македонија“, распоред на натпревари:

Четврток, 24.09.2026

16:00 | Хрватска – Црна Гора
👨‍⚖️ Судии: Даниело Божиновски/Виктор Начевски
📋 Делегат: Бобан Мајнов

18:00 | Македонија – Србија
👩‍⚖️ Судии: Лејла Јашар/Викторија Прентоска
📋 Делегат: Марјан Начевски

Петок, 25.09.2026

15:30 | Хрватска – Србија
👩‍⚖️ Судии: Марија Илиева/Силвана Карбеска
📋 Делегат: Ацо Николовски

17:30 | Македонија – Црна Гора
👨‍⚖️ Судии: Димитар Митревски/Благојче Тодоровски
📋 Делегат: Игор Огненов

Сабота, 26.09.2026

17:00 | Црна Гора – Србија
👩‍⚖️ Судии: Марија Илиева/Силвана Карбеска
📋 Делегат: Игор Огненов

19:00 | Македонија – Хрватска
👩‍⚖️ Судии: Лејла Јашар/Викторија Прентоска
📋 Делегат: Славчо Ристески