Црногорскиот стратег Игор Марковиќ денеска ќе дебитира на клупата на женската репрезентација на Македонија.
Нашите ракометарки денеска го играат првиот натпревар против Србија, а селекторот Марковиќ вели дека ќе му треба време да го наметне својот стил на игра.
„Чест и задоволство што сме во вакво друштво. Мене ќе ми треба повеќе време да ја запознаам мојата екипа, не се доволни чет-пет тренинга. Работевме на борбеност и некои тактички работи, не знам дали ќе можеме да покажеме сето тоа на теренот. Имам 20 ракометарки, сите ќе добијат прилики, да видам и јас што можам да очекувам од нив и да го извлечеме најдоброто од нив. Во октомври можеби некои нови ќе добијат прилика и тоа да биде последен филтер пред списокот за Европското првенство. Јас сакам да играме брз ракомет, мислам дека немаме висина за 6-0 одбрана, мора да играме агресина одбрана, да трчаме многу, да имаме добра транзиција, а сакам да пробам и седум на шест варијанта“, изјави Марковиќ.
Натпреварот меѓу Македонија и Србија е на програмата од 18:00 часот, додека од 16:00 часот ќе играат Хрватска и Црна Гора.

























