Од денеска до сабота, Охрид и Македонија ќе бидат центар на женскиот ракомет со турнирот „Трофеј Македонија“.
Во СРЦ „Билјанини извори“ покрај нашата репрезентација ќе настапат и Црна Гора, Хрватска и Србија.
Овие натпревари ќе бидат одлична проверка за новиот селектор Игор Марковиќ да види со што располага пред Европското првенство во Романија, Полска, Словачка, Чешка и Турција.
Во македонската репрезентација, од досега стандардните, ќе недостигаат Јована Мицевска Митев, Теодора Дукоска и Марија Јанкуловска, додека останатиот дел се стандардните ракометарки.
Прв ривал за Македонија ќе биде селекцијата на Србија, која практично е со третиот состав и со многу млади ракометарки плус интернационалки што досега не добивале шанса.
Влезот за сите натпревари на „Трофеј Македонија“ е слободен.
Покрај „Трофеј Македонија“, денеска во центарот на вниманието ќе бидат и двете квалификациски средби за пласман во групите на Светското клупско првенство, на кои Веспрем и Замалек се големи фаворити.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:00 ХРВАТСКА – ЦРНА ГОРА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
16:30 СИДНЕЈ УНИВЕРЗИТЕТ – ВЕСПРЕМ (СВЕТСКО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО)
18:00 МАКЕДОНИЈА – СРБИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
19:00 ЛОС АНЏЕЛЕС – ЗАМАЛЕК (СВЕТСКО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО)


























