Мелсунген го нокаутира Магдебург, Целје го шокира Слован, Нант победнички низ Монпелје…

Минатиот викенд низ Европа се одиграа пет дерби натпреевари, а најинтересно беше во словенечкиот шампионат, каде шампионот Целје славеше против Слован Љубљана со еден погодок во драматична завршница.

Иако Слован Љубљана се засили ова лето и очекува да се прошета до титулата, сепак Целје успеа да слави на првата пресметка со 34-33, a стрелец на победничкиот гол беше Урош Миличевиќ во финишот на мечот.

Мелсунген ја прекина долгата серија на Магебург без пораз и го совлада со 37-34. Ерик Баленсијага беше предводник на тимот на Парондо со 11 гола, а осум гола за Магдебург даде Феликс Клар. За Магдебург ова беше прв пораз во Бундес лигата од февруари 2026, кога загуби од Кил.

По победата во Скопје со 33-32, Нант го доби и дербито во Франција. На гостински терен кај Монпелје славеше со 36-31. Творецот на триумфот кај Вардар, Ноам Леополд, беше најдобар и против Монпелје со осум гола, а исто толку за поразениот состав даде Хуго Монте.

Во швајцарскиот шампионат, шампионот Криенс Луцерн не дозволи изненадување и го победи Кадетен Шафхаузен со 38-32. Голманот Кристијан Пилиповиќ беше јунак на мечот, откако одбрани 14 удари против поранешниот клуб, а Никола Билик и Марин Шипиќ комбинираа 16 погодоци.

Дерби се играше и во Хрватска, каде Загреб го доби Нексе Нашице со 35-29. Kапитенот Филип Главаш даде 11 гола за Загреб, а десет одбрани имаше голманот Сандро Мештриќ. За Нексе најдобар стрелец беше Матко Мославац со шест гола.