Партизан Гевгелија со пресврт ги освои бодовите против Преспа

Партизан Гевгелија ја запиша втората победа во прволигашката конкуренција, откако славеше над Преспа со 29-27.

Во интересен натпревар во кој двете екипи се менуваа во водството, на седум минути до крајот гостите од Ресен водеа со 23-21.

Но гевгеличани не се откажуваа од целиот плен и направија комплетен пресврт. За пет минути дадоа шест гола и ја преземаа контролата, 27-23.

Гостите ги пропуштија своите шанси и на крајот мораа да се помират со поразот, иако надоместија претходно негатива од четири погодоци.

Предводници на Партизан Гевгелија беа Илија Пејковски со осум и Милан Савов со седум гола, а Томче Трајчевски стрелаше девет пати за Преспа.