Ракометарките на Стружанка по службениот пораз од Овче Поле СУ минатото коло, запиша победа во вториот меч од прволигашката конкуренција во новата сезона.
Стружанки славеа на домашен терен против составот на Астибо со 26-20, во меч на кој дебитираше Габриела Величковска на гостинската клупа.
Домаќинките по дваесетина минути водеа со 11-2 и најавија кој ќе биде победник на овој меч, иако на десетина минути до крај младите штипјанки намалија на минус еден, 18-17.
Но немаа сили гостинките за комплетен камбек, Калајџиевска и Затуроска ја однесоа Стружанка на безбедни 21-17 и немаше време за нешто повеќе за Астибо.
Најдобри стрелци на теренот беа Маја Раткушиноска со 11 гола од Стружанка и Ана Марија Накова од Астибо со осум погодоци.























