Тимот на Атлетик ја запиша првата победа во Супер лигата оваа сезона, што е прва воопшто во кратката историја на клубот во елитата, откако минатата сезона супериорно го освои првото место во прволигашката конкуренција.
Избраничките на Татјана Хмирова славеа против составот на Деспина со убедливи десет гола разлика, 28-18.
Гостинките водеа со 7-6, но потоа за десет минути не постигнаа ниту еден погодок, а Атлетик ги казнуваше сите грешки со голови и направи серија од седум гола за 13-7.
На паузата беше 13-9, но вто вториот дел домаќинките уште повеќе се разиграа и не му дадоа шанса на составот од Прилеп да се надева на некаков камбек.
Анастасија Дамјановска со осум, како и Сара Богојеска и Андреа Конеска со по пет гола, беа најдобри во победничкиот состав, додека кај Деспина се истакнаа Матеа Христоска со шест и Ана Марковиќ со пет погодоци.
























