Норвешкиот репрезентативец Кент Робин Тонесен ќе го напушти Фленсбург по завршувањето на актуелната сезона. Десниот бек во германскиот клуб пристигна во летото 2025 година од ПСЖ, но неговата авантура во Фленсбург ќе трае само две сезони.
Одлуката е поврзана со плановите на клубот за следната сезона. Фленсбург веќе се засили на позицијата десен бек со Вигo Кристијансон и Франциско Кошта, па поради тоа за Тонесен нема да има место во ростерот за сезоната 2027/28.
Тонесен во Фленсбург пристигна со огромно меѓународно искуство. 35-годишниот ракометар во кариерата настапуваше за Севехоф, Вецлар, Фуксе Берлин, Веспрем, ПИК Сегед и ПСЖ.
Тонесен има и богата репрезентативна кариера. За Норвешка досега одигра 148 натпревари и постигна 360 гола, а најголем успех му е среброто од Светското првенство во 2017 година.
























