Почнуваат младинците, кадетите и кадетките – 12 натпревари овој викенд

Претстојниот викенд ќе стартуваат уште три лиги под капата на Ракометната федерација на Македонија – машката младинска, машката кадетска и женската кадетска лига.

Кај младинците, осум екипи ќе играат по двокружен бод систем или вкупно 28 кола, по што ќе биде познат шампионот. Бранителот на титулата, „витамините“ од Автокоманда ќе стартуваат на домашен терен против Еурофарм Пелистер, додека Бутел Скопје ќе го пречека Еурофарм Пелистер 2.

Во машката кадетска лига ќе играат 15 екипи, поделени во две групи, кои ќе играат по еднокружен бод систем или вкупно 14 кола, по што екипите ќе се поделат во плеј-оф и плеј-аут групи.

Екипите од 1 до 4 место во двете групи ќе разигруваат за титулата, додека оние од 5 до 8 во двете групи ќе играат во плеј-аутот. Бодовите од натпреварите во групата ќе се пренесуваат во плеј-оф и плеј-аут, а таму екипите ќе играат по еднокружен бод систем или вкупно 14 кола. Шампион ќе биде првопласираната екипа по одиграни 28 натпревари.

Кај кадетките, шесте екипи ќе играат по двокружен бод систем или вкупно 20 кола (по четирипати секој со секого – двапати дома и двапати на гости), по што ќе биде познат шампионот.

Младинци, 1 коло:

20/09, 12:00 Илинден – Охрид
20/09, 12:00 Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер
20/09, 13:00 Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 2
20/09, 14:30 Алкалоид – Вардар

Кадети, група А, 1 коло:

19/09, 19:00 Преспа – Прилеп
20/09, 12:00 Пролет – Еурофарм Пелистер 2
20/09, 17:00 Алкалоид – Струга
Еурофарм Пелистер – Тиквеш одл.

Кадети, група Б, 1 коло:

19/09, 12:00 Младост Богданци – Текстилец
19/09, 13:00 Мулти Есенс – Вардар
20/09, 13:00 Македонија Ѓорче Петров – Гемиџии
Куманово слоб.

Кадетки, 1 коло:

19/09, 13:00 Маркови Кули – Ѓорче Петров
20/09, 11:00 Вардар – Деспина
Чаир – Кале Кичево одл.