Денеска ќе се комплетира второто коло од Лигата на шампионите кај мажите со шест натпревари, а еден од најинтересните ќе се одигра во Монпелје каде ќе гостува европскиот првак Барселона.
Целје го чека данскиот Алборг, Динамо Букурешт гостува кај Архус, а српскиот првак Партизан ќе бара први бодови во Лигата на шампионите на гостински терен кај Порто.
Магдебург е голем фаворит на гостувањето кај Криенс Луцерн, додека во групата на Вардар, Висла Плоцк е на испит со бундеслигашот Мелсунген.
Ќе има и еден реванш натпревар од првото коло во ЕХФ Купот меѓу израелскиот Макаби Ришон Ле Зион и италијанскиот Конверзано, откако првата средба заврши реми, 34-34.
На домашна сцена, денеска стартува 3 коло од Супер женската лига, во кое екипата на Вардар ќе го пречека Чаир.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:00 КОРОНА БРАШОВ – РАПИД БУКУРЕШТ (РОМАНИЈА)
18:45 ЦЕЛЈЕ – АЛБОРГ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 ВИСЛА ПЛОЦК – МЕЛСУНГЕН (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
19:15 ВАРДАР – ЧАИР (МАКЕДОНИЈА)
20:00 МАКАБИ РИШОН ЛЕ ЗИОН – КОНВЕРЗАНО (ЕХФ КУП)
20:45 АРХУС – ДИНАМО БУКУРЕШТ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 КРИЕНС ЛУЦЕРН – МАГДЕБУРГ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 ПОРТО – ПАРТИЗАН (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 МОНПЕЛЈЕ – БАРСЕЛОНА (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

























