Двајцата македонски интернационалци – Михаил Иваноски и Евгениј Темелкоски, со нивните тимови Горење Велење и ПАОК Солун обезбедија пласман во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп.
Горење Велење играше двапати на домашен терен и двапати славеше убедливо против ривалот од Кипар, Парнасос Строволу, со 33-18 и 33-24, а македонскиот десен бек Иваноски даде осум гола, додека ПАОК играше двапати на гости кај Дуделанж во Луксембург и славеше два пати, со 29-21 и 33-28, а десното крило Темелкоски имаше два гола.
Косовската Беса Фамгас, за која игра македонскиот интернационалец Бобан Каковски, загуби дома од грчкиот Јоникос и се наоѓа пред елиминација, а Каковски стрелаше два пати. Убедливи победи во првите средби запишаа и грчката Драма, полскиот Калиш, австрискиот Фиверс…
Двомечот меѓу босанската Вогошча и турскиот Спор Тото ќе се игра во Турција денеска и утре, в среда и четврток во Италија е двомечот меѓу Конверзано и израелскиот Макаби Ришон Ле Зион, додека викендот на 19/20 септември во Кавадарци и Турда ќе се одиграат по две средби од пресметките меѓу Тиквеш и Еш од Луксембург, односно романската Потаиса и босанскиот Коњух.
Охрид, кој е прворангиран на листата и бранител на трофејот, заедно со тимот на Кирил Лазаров ќе ги чекаат ривалите од првиот шешир, а покрај Бутел Скопје и се надеваме Тиквеш, нивни можни ривали станаа ПАОК на Темелкоски, Горење на Иваноски, како и швајцарскиот Берн, хрватскиот Трогир, австрискиот Ферлах…
ЕХФ Европски Куп, 1 коло, резултати:
Трогир – ВИФ 25-20, 34-30
Талина Мистра – Велазними 39-18, 37-27
Берн – Макаби Тел Авив 39-25, 40-25
Горење Велење – Парнасос Строволу 33-18, 33-24
Дуделанж – ПАОК 28-33, 21-29
Холон Јувалим – Албатро Сиракуза 36-32, 29-23
Киндил – Ферлах 23-27, 22-29
Драма – Будванска Ривиера 32-24
Омонија – Гранитас Карис 25-21
Калиш – Брно 28-23
Беса Фамгас – Јоникос 22-29
Дубочица – Алпла Хард 34-33
Истанбул – Свиеса Вилнус 44-37
Гиресунспор – Фиверс Маргаретен 28-40
Сутјеска – Берхем 30-31
Вогошча – Спор Тото
Конверзано – Макаби Ришон Ле Зион
Потаиса Турда – Коњух Живинице
Тиквеш – Еш
























