ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Езерски двобој во Охрид, дерби во Кавадарци, двојна програма во Битола…

Денеска на македонските терени ќе има 12 натпревари од Супер машката, Супер женската, како и од двете Први лиги кои стартуваат овој викенд.

Програмата ќе биде отворена во Битола, каде вицепрвакот Еурофарм Пелистер ќе ги пречека „витамините“ од Автокоманда. Потоа од 19:00 часот ќе има дури четири средби.

Во Куманово гостува актуелниот првак Вардар, тимот на Лазаров е на гостување во Битола кај вториот тим на пелистерци, додека интересна пресметка се очекува на дерби дуелот во Кавадарци, каде Тиквеш ќе го пречека Бутел Скопје.

Езерскиот двобој ќе се игра во Охрид, домашниот тим е фаворит и посакува први бодови во новата сезона, а суперлигашката програма ќе биде затворена со пресметката во Богданци, меѓу Младост и Прилеп која се очекува исто така да донесе возбудувања.

Кај дамите, во Супер лигата ќе играат Спартак и Вардар, кои претрпеа големи промени ова лето, и ќе биде интересно да се види односот на силите.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

16:30 Еурофарм Пелистер Мулти Есенс
16:30 Стружанка Овче Поле СУ
17:00 Спартак Вардар
18:30 Аеродром Радовиш
19:00 Куманово Вардар
19:00 Илинден Македонија Ѓорче Петров
19:00 Охрид Струга
19:00 Еурофарм Пелистер 2 Алкалоид
19:00 Тиквеш Бутел Скопје
19:30 Младост Богданци Прилеп
19:30 Драчево Јуниор Вардар Неготино
20:00 Гевгелија Југ Шампион