Аеродром се поднови со шестмина ракометари

Tимот на Аеродром донесе шестмина нови ракометари пред стартот на новата сезона во Првата лига.

Составот на Митко Стоилов е посилен за левото крило Виктор Саров, голманите Леонид Богданоски и Филип Митев, левиот бек Марко Илиевски, како и средните бекови Михаил Митаноски и Иван Мирчевски.

Аеродром како и минатата сезона кога заврши на средината на табелата во Првата лига, ќе располага со млад и перспективен кадар.

Прв предизвик за составот на Аеродром во новата сезона ќе биде натпреварот со довчерашниот суперлигаш Радовиш, што ќе се игра денеска во салата „25 Мај“ од 18:30 часот.