Ивановски пред дербито со Еурофарм Пелистер: Одбраната ќе биде пресудна, сакаме победа!

Денеска во Охрид ќе гостува македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер во првото дерби од новата сезона во Супер машката лига.

Средниот бек Мартин Ивановски вели дека атмосферата вв клубот е одлична и дека поразот од Вардар во Супер Купот е веќе зад нив.

„Денеска играме против екипата на Еурофарм Пелистер, актуелниот вицешампион на Македонија. Знаеме колкав е квалитетот на оваа екипа. Оваа година имаат и неколку нови играчи, за кои успеавме нешто да видиме на пријателските натпревари, како и на натпреварите од Регионалната лига што ги одиграа досега. Атмосферата во клубот е одлична. Имавме мало разочарување по Супер Купот, кое го загубивме од Вардар, но мислам дека сите сме професионалци и тоа веќе го оставивме зад нас. Целосно сме фокусирани на натпреварот со Еурофарм Пелистер“, вели Ивановски.

Публиката без сомнеж ќе ја исполни салата „Билјанини Извори“ до последното место.

„Очекувам публиката во што поголем број да нè поддржи, за заедно да се сплотиме и да извојуваме победа против Еурофарм Пелистер. Мислам дека одбраната ќе биде пресудна. Ако одиграме добро во одбрана, ќе имаме можност да постигнуваме повеќе лесни голови од транзиција. Ивановски пред дербито со Пелистер: „Одбраната ќе биде пресудна, сакаме победа! Верувам дека со максимална борбеност и поддршка од трибините можеме да стигнеме до посакуваниот резултат“, заврши Ивановски.

Натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер се игра вечерва во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток од 19:00 часот.