Тимот на Дунајска Стреда, каде што игра македонската репрезентативка Ангела Јанкуловска, ја запиша втората победа во МОЛ регионалната лига.
Во мечот против Хазена Кинжварт од Чешка, словачкиот тим славеше со 35-25, иако на паузата беше само гол предност за тимот на Јанкуловска.
Таа беше втор стрелец во победничкиот состав и успеа да погоди шест пати во противничката мрежа, а имаше и едно исклучување.
Дунајска Стреда и Јанкуловска следниот викенд одново ќе играат против екипа од Чешка, на гостински терен кај Поруба.
























