Вардар се враќа во ЛШ – гледајте го спектаклот против Нант за 400 денари, билети во продажба

Вардар на 16 септември го пречекува Нант во првиот домашен натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите.

Во продажба се пуштени билетите за натпреварот меѓу Вардар и францускиот тим, кој ќе се одигра на 16 септември 2026 година, со почеток во 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“.

„Црвено-црните“ се враќаат во Лигата на шампионите, а за првиот европски предизвик на домашен терен ќе биде потребна силна поддршка од трибините.

Продажбата на билетите ќе се одвива исклучиво онлајн ТУКА преку vtickets.mk, а цените на билетите се следни:

Блокови A1, A2, A3, A4, A5 и A6 – 600 денари
Блокови 3, 4, 5, 6, 7, 8, 11, 12, 13, 14, 15 и 16, како и блок G – 500 денари
Блокови 1, 2 и 9, како и блок A – 400 денари

Претходно на 10 септември, Вардар ќе игра на гостински терен кај бундеслигашот Мелсунген.