Ристовска незадржлива, но Рапид загуби во градското дерби против ЧСМ Букурешт

Капитенот на македонската репрезентација, Сара Ристовска, го одигра првиот официјален натпревар по камбекот на ракометните терени.

По одличните настапи на пријателските средби, Ристовска одигра во ист стил и во првото коло од романскиот шампионат.

Таа беше најдобар стрелец во составот на Рапид Букурешт на градското дерби кое ЧСМ Букурешт го доби со 28-25.

Ристовска даде седум гола од девет обиди, а нејзиниот тим имаше контрола на теренот во најголем дел од мечот, а водеше и со четири погодоци.

Но во клучните моменти попушти и на крајот во црногорската битка на Бојана Поповиќ и Драган Аџиќ на двете клупи, славеше дамата.