Новиот прволигаш Илинден го промовираше седмиот нов ракометар во своите редови за деби сезоната на ракометната сцена.
Станува збор за кружниот напаѓач Кристијан Трајковски, кој кариерата ја започна во младинските категории Илинден Вардар, а потоа беше дел од Вардар и Бутел Скопје, додека во сениорска конкуренција настапуваше за Шампион.
Претходно Илинден го промовираше стратегот Дарко Јанев и неговиот асистент Дејан Пецаковски, кои ќе го водат клубот.
Досега ростерот е пополнет со голманите Никола Ангеловски и Наум Симјановски, десното крило Матеј Филиповски, левото крило Иван Најдовски, средниот бек Петар Цветковски и левиот бек Лука Перуновски.
Илинден се подготвува за првата сезона на ракометната сцена, а зад овој клуб стојат познати имиња како Гоце Георгиевски, Жарко Пешевски, Давид Савревски, Марио Танкоски…
























